Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%.
СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија.
Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО.