Skip to main content
Хроника

Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Скопје

01/01/2026  14:02

На 1 јануари 2026 година во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документи, најверојатно бездомник.

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.