Skip to main content
Хроника

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место

31/12/2025  09:59

Вистинска драма се одвивала вчера напладне во трговски центар во строгиот центар на Скопје, кога двајца 19-годишни момчиња од Романија извршиле дрзок грабеж во златарница, при што употребиле сила врз вработената.

Според информациите, осомничените влегле во дуќанот глумејќи заинтересирани купувачи и побарале да разгледаат накит. Во моментот кога продавачката ја извадила футролата со злато, тие со употреба на сила ѝ ја грабнале од рацете и се дале во бегство.

Нивниот обид за кражба бил спречен благодарение на брзата реакција на Единицата за интервентна полиција, која ги пресретнала и уапсила осомничените уште на самиот излез од трговскиот центар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека кај уапсените се пронајдени 43 парчиња златен накит, а одземените предмети се вратени на сопственикот.