Skip to main content
Македонија

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

29/12/2025  23:05

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 6 минути регистрираше земјотрес.

Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, на околу 103 километри југозападно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда од ML 2.8.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во Охрид и неговата блиска околина, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје