
Вчера изутрина, околу 6:45 часот, електричен бојлер експлодирал во стан во Свети Николе, при што сериозно бил повреден 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со своето семејство, информира МВР.
Поради повредите, С.П. бил префрлен со возило на Итната медицинска помош во болница, каде му била укажана соодветна лекарска помош. Случајот е пријавен во СВР Свети Николе, а увидна екипа извршила увид за да се утврдат причините за несреќата.

