Skip to main content
Свет

Италија запре италијанска мрежа поврзана со Хамас

27/12/2025  18:54

Италијанските власти пресекле мрежа за финансирање на Хамас Италијанските обвинители соопштија дека осомничени лица испратиле околу седум милиони евра до организации со седиште во Газа, на палестинските територии или во Израел, кои се поврзани со Хамас. Меѓу уапсените е и Мохамад Ханун, претседател на Палестинското здружение во Италија, кој обвинителите го опишуваат како „шеф на италијанската ќелија на Хамас“.

Хамас е на списокот на терористички организации на Европската унија. Италијанската истрага, во соработка со други европски држави, покажала дека нелегалните средства се пренесувале преку сложени банкарски трансфери и посреднички организации во странство, до здруженија во Газа кои Израел ги прогласил за нелегални поради врските со Хамас.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедози, на мрежата X истакна дека операцијата „ги открила и отстранила активностите кои, под маската на добротворни иницијативи, обезбедувале финансиска поддршка за терористички организации“.