Skip to main content
Македонија

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат 

27/12/2025  15:14

Кавадарчанец бил пронајден починат, истиот кој претходно беше исчезнат.

-Вчера во 10 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, појаснија оттаму.