
АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Стража и од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
РАБОТИ НА ПАТ:
- На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).
- На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.
- Од 12.09.2025 (петок) се започнучува со градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
- Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
- Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.
