Skip to main content
Македонија

За новогодишната ноќ врнежи од снег особено во западните предели

27/12/2025  07:42

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од она што можам да го кажам за јавноста е тоа дека според најновото ажурирање на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година (1 Јануари 2026 четврток) ќе ни донесе многу ладно време а тоа значи дека ќе бидеме под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе предизвика да дува засилен ветер од северен правец.

Исто така барем одсега гледано ќе имаме  и врнежи кои ќе бидат претежно од снег  и тие пообилни  ќе бидат во западните предели од Македонија. Освен на повисоките места  и на планините, помала снежна покривка ќе се формира  и во повеќето градови од Македонија  и тоа особено во западните предели.

Послаби врнежи од снег за време а новогодишната ноќ како и на првиот ден од новата 2026 година (1 Јанурари 2026 четврток) ќе има  и во Скопје  и околината и тие ќе бидат проследени со повремено засилен ветер од северен правец.

НАПОМЕНА: Се чекаат понатамошни нови ажурирања на прогностичките модели па токму поради ова можни се промени понатаму во оваа метео анализа, па затоа за да не настане забуна кај граѓаните препорачувам тие редовно да ги следат сите понатамошни нови и обновени метео анализи околу тоа какво време точно не очекува за време на новогодишната ноќ како и на првиот ден од новата 2026 година.