Skip to main content
Македонија

Алиу најави системски реформи во здравството

26/12/2025  16:26

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната средба со новинарите ги презентираше клучните приоритети и тековните активности во здравствениот сектор, при што акцент беше ставен на состојбите во јавните здравствени установи и плановите за унапредување на системот во наредниот период. Тој нагласи дека здравствениот систем се темели на пет основни столба инфраструктурата, медицинската опрема, дигиталните решенија, законската рамка и човечките ресурси, кои, како што посочи, се клучни за поефикасно функционирање на здравството.

– Здравствениот систем секаде се сочува со предизвици. Откако ја презедов функцијата министер за здравство, во првите месец и половина прво направивме скенирање на состојбите, а еве веќе на крајот на годината имаме база на податоци од здравствениот систем. Првпат досега имаме база на човечки ресурси, а наскоро ќе имаме и база на инфраструктура и технологии поврзани со здравствениот систем. Од аспект на законите, големи беа предизвиците и 12 закони веќе се обработуваат и изменуваат, а работиме и на 2 нови закона кои досега ги немаше, а процесите налагаат да ги имаме. Ценам дека до крајот на февруари сите закони ќе бидат завршени и подетално ќе известиме за нив, истакна министерот Алиу.

Во продолжение, министерот информираше и за воспоставувањето на шест работни групи задолжени за следење на клиничките состојби при давањето здравствени услуги, при што, според досегашните извештаи, кај пет од нив не се детектирани евидентирани клинички проблеми.