Skip to main content
Хроника

Пронајден починат вработен во Пожарната во Илинден

26/12/2025  13:33


На 25.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.