Skip to main content
Свет

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво

25/12/2025  19:19

Воената морнарица на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени странски танкер во Персиски Залив, под сомнение за шверц на околу 4.000 тони гориво.

Танкерот и неговиот нелегален товар се конфискувани, а 16 членови на екипажот се приведени.

Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА) горивото на танкерот било натоварено со чамци и требало да се дистрибуира до бродовите откако товарниот брод ќе го напушти Персиски Залив.

Но, не е наведено под кое знаме пловел танкерот, ниту националноста на членовите на екипажот.