
На 24.12.2025 година во 15:30 часот, во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка и преку приложен линк аплицирал за кредит. По извесно време започнал комуникација со лице кое се претставило како претставник на банката и побарало документација и трансакциска сметка.
Како што е наведено, на пријавителот му било кажано дека сè е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако ќе уплати пари за некои провизии. Откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, лицето повторно се обидело да го доведе во заблуда.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

