
Денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје ќе се одржи ново рочиште во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
При главната расправа, се уште траат воведните обраќања на одбраната, а денес пред судот треба да се изјасни Александар Нацев, кој според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот.
Свои обраќања ќе имаат и бранителите и претставниите на двете правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани и „РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС“.
Досега, во своите обраќања ниту еден од обвинетите не призна вина во однос на делата што им се ставаат на товар.
По завршување на воведните обраќања на одбраната, следуваат искази на сведоци како и изведување на доказна постапка од страна на обвинителите.
Во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
