Skip to main content
Свет

САД им забранија влез на пет европски функционери

24/12/2025  16:46

Стејт департментот на САД воведе забрана за влез на пет истакнати европски фигури, обвинувајќи ги за „цензура на американските ставови“ на дигиталните платформи.

На врвот на црната листа е поранешниот еврокомесар Тиери Бретон, архитектот на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој американската администрација го гледа како напад врз слободата на говорот.

Бретон не остана должен и остриот потег на Вашингтон го спореди со ерата на Мекартизмот и ловот на комунисти во САД.

 „До нашите американски пријатели: Цензурата не е таму каде што мислите дека е“, порача Бретон на платформата X, додека француската влада застана зад него, осудувајќи ја одлуката како напад врз европскиот суверенитет.