
Хоспитализирани се 35 дечиња во кумановската болница.Поголем дел се со температура, грип, компликации од респираторни вирози, бронхит и бронхопневмонии.
– Најмалото пациентче е доенче, три недели, две деца сè со потешка клиничка слика, едното е на кислородна терапија, другите се стабилни и се надевам дека пред празниците ќе си бидат во домовите, изјави началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска.
Во дневната болница се лекуваат 80 деца со полесна клиничка слика.
– Тука се и сограѓаните кои празниците ги поминуваат дома, а се на привремена работа во странство. Зголемен е обемот на работа особено во ноќните часови. Обично а се жалат и на стомачен вирус, температура, изјави д-р Арсовска.
Лекарите советуваат родителите да не ги носат заболените деца во градинка на училиште, по собири каде има масовно присуство. Храната треба да е богата со витамини, минерали и да е свежо подготвена.
