Skip to main content
Хроника

Оружје и муниција најдени кај грчки државјанин

24/12/2025  14:05

На 23.12.2025 околу 10:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.К.(51) од Грција. При преглед во возилото „форд” со германски национални ознаки, кое го управувал, во ранец се пронајдени ќеса со марихуана, гасен пиштол „Пиетро Берета” калибар 4,5мм, кутија со 500 дијаболи калибар 4.5мм и други предмети.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.