Skip to main content
Хроника

Тетовци сакале да лажираат сообраќајка, полицијата им поднесе кривични пријави

24/12/2025  13:03

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама”. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција.

Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито” во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв” со швајцарски национални ознаки и „бмв” со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.