Skip to main content
Македонија

Магла на патниот правец од Тетово до село Гајре

23/12/2025  12:42

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 40 метри на патниот правец од Тетово до село Гајре, а сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.