Skip to main content
Економија

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

22/12/2025  17:27

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај.

Грижата за земјоделците продолжува, велат од таму.