Skip to main content
Македонија

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

22/12/2025  11:04

Прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ:

Денес ја свикав оваа вонредна прес-конференција за конечно и јасно да одговорам на она што ДПНЕ веќе со денови го пласира во јавноста.

Пред сè, сакам да ви објаснам зошто го прават тоа.

По изгласувањето на Резолуцијата со која наводно се брани власта од дезинформации всушност се забранува вистината и слободата на говорот. Вакви работи правел Хитлер во времето на Третиот рајх.

Темата „мигранти за пари” очигледно многу ги боли.

Измислуваат кривични пријави, па дури и се закануваат со апсења по изгласувањето на Резолуцијата.

Бидејќи на сите во Македонија им е јасно дека постои таен договор, една непристојна понуда за мигранти што ветува пари, за да можат да продолжат со тендери како што се: 161 тендер. 161, само почнете да броите до 161… во вредност од 5,3 милиони евра, доделени на фрима во врска со Томовски, со неговиот телефонски број, неговиот татко, дедо…

На крај, да завршат со иплати за донации во ВМРО-ДПМНЕ.

9 милиони евра за друга фирма, со две вработени лица, формирана лани.

Трета фирма со милиони евра тендери за само два месеци, поврзана со студент на Мицкоски.

Алта банка и врските со СНС на Вучиќ кои ги има ВМРО-ДПМНЕ.

Верувајте ми, ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ.

Покрај сите податоци до кои дојде АКТ, нашата платформа Micko.mk секојдневно прибира нови информации. Граѓаните ни се приклучија во оваа борба против корупцијата и криминалот.


Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат.


Затоа Мицкоски брза со „реформи” во правосудството, за целосно да го стави под свои канџи целото судство и обвинителство.


Веќе 20 дена чекаме одговор. Сè уште го нема. Вршат притисоци преку медиумите, а веројатно и преку свои други канали.

Мицкоски не може да дозволи неговиот најдобар пријател да биде обвинет, затоа што знае дека постапката ќе стигне и до него.


Ова е кристално јасно. Ова и децата го гледаат.

Одеднаш почнуваат да излегуваат вести за СДСМ, за наводни тендери со кои СДСМ нема никаква врска. На секоја вест ни го лепат ДУИ.


Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми:

„Мигранти за пари” и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх.


И сега да се вратам на причината поради која ве повикав.


ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус”, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова.

Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.


Она што е важно да им го објаснам на граѓаните на Македонија е: дали знаете кога го објавија тоа?


Токму после денот кога јас држев прес-конференција поврзана со трагедијата во Кочани.


Дали сега гледате зошто го направија тоа? За да ја дефокусираат јавноста од трагедијата за која имаат одговорност.


Сетете се на изјавата на Мицкоски: „Ако се докаже дека обезбедувањето има врска со ДПМНЕ, ќе поднесам оставка.”


И што се случи? Секако, не поднесе оставка, како што не поднесе никој околу него. Тие немаат образ, а за срам никогаш не чуле.


Она што се случи, се случи еднаш, и тоа пред 5 години, а не сега или пред неколку месеци како што тие лажно го прикажуваат. Може да се види на фографијата колку сум помлад, послаб.И за тоа веднаш ја презедов целосната одговорност.


За разлика од нив, за кои имаме куп материјали, јас веднаш излегов јавно и ја презедов одговорноста.


Дали некој од нив тоа го направи? Не. По сите нивни криминални афери, барем еден да се понесеше како човек и да преземеше одговорност. Никој.


Тоа е разликата меѓу мене и нив.


Со она што се случи ги повредив само моите најблиски – моите родители, моето семејство, децата.


Ним ова најтешко им падна, а мене ми е искрено жал. Ниту еден граѓанин не беше загрозен на каков било начин, освен моите најблиски. Бев млад…


Благодарен сум за нивната поддршка, која ми даде дополнителна сила и желба да бидам подобар, повреден и да се докажам како добар човек со интегритет.

На последниот Извршен одбор, претседателот и моите колеги од Централниот Одбор ми дадоа нова шанса, затоа што знаат дека сум борец и дека работам за партијата деноноќно.


За тоа сум им неизмерно благодарен и нема да ги разочарам.


За оваа тема зборувам последен пат. Нека тие ја повторуваат уште сто пати. Вистината ќе победи.


За крај, имам порака до ВМРО:


АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ!


Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата.