
На 19.12.2025 година во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден била измамена од непознато машко лице за сума од 150.000 денари.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, претставувајќи се како доктор, и ѝ соопштило дека нејзината ќерка мора итно да биде оперирана, откако наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата.
Како што било пријавено, жената ги оставила парите на претходно договорено место. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


