Skip to main content
Спорт

Џејк Пол со скршена вилица по нокаут од Ентони Џошуа во Мајами

20/12/2025  13:46

Американскиот блогер и боксер Џејк Пол е хоспитализиран со скршена и повредена вилица по борбата со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, која се одржа ноќеска во Мајами. – Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум, објави Пол на социјалните мрежи. Британскиот боксер Џошуа го нокаутираше Пол во шестата рунда, ставајќи крај на мечот по доминантна борба.