Skip to main content
Хроника

Тинејџер загина во Неготино

20/12/2025  13:46

17 – годишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа . Трагедијата се случила во селото Тимјаник, кога мочето управувајќи мопед, изгубило контрола и удрило во бетонски столб.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, ударот бил кобен за тинејџерот кој живеел во истото село. Екипа на Итната медицинска помош од Неготино веднаш пристигнала на местото на несреќата, но лекарите можеле само да констатираат смрт кај возачот, кој починал на самото место од здобиените повреди.

Полицијата извршила увид за да се утврдат причините кои довеле до губење на контролата над мопедот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото момче е предадено на обдукција.