
Според податоците од Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други дроги – ESPAD 2024, претставени од Институтот за јавно здравје, 11% од адолесцентите во Македонија некогаш користеле лекови на рецепт како транквилизатори или седативи (дијазепам, лексилиум, валиум, хелекс).
Употребата без рецепт била пониска – 6,6% од младите. Истражувањето покажува и податоци за употребата на канабис: 5,5% од тинејџерите некогаш го пробале, 4,3% во последната година, а 2,6% во последниот месец. Употребата на канабис е поголема кај момчињата во споредба со девојчињата, без разлика дали се разгледува цел живот, измината година или последен месец.

