
Александар де Мораис, судијата на Врховниот суд на Бразил, му дозволи на поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро да го напушти притворениот центар за да се оперира, јавија локалните медиуми.
Одлуката на врховниот судија е одговор на минатонеделното барање на адвокатите на Болсонаро, кои исто така побараа од судот да дозволи поранешниот претседател да ја отслужи казната во „хуманитарен домашен притвор“.
Болсонаро во септември беше осуден на 27 години затво поради заговор за државен удар откако ги загуби претседателските избори во 2022 година од Луиз Инасио Лула да Силва.

