Skip to main content
Македонија

Конгрес на ДУИ денес во Скопје

20/12/2025  08:50

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори  најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.

По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. 

-Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици, соопшти ДУИ.