Skip to main content
Македонија

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

19/12/2025  14:12

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска големиот верски празник Св. Никола, патронот на град Штип, го помина во овој град, каде што присуствуваше на свечената литија и чинот на кршење на празничниот колач.

Чествувањето се одржа во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со бројни верници и граѓани.

Во рамки на денешната агенда, министерот Перински присуствуваше и на седницата на Регионалниот совет на Источниот плански регион, каде што беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој.

Во текот на посетата, министерот направи увид, на проектот EcoScape – „Трансформирање на урбани локации со зелени инфраструктури”, кој се реализира во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион од ИПА програмата за прекугранична соработка. Во рамки на овој приоритет се финансирани шест проекти со вкупна вредност од над 5,1 милион евра.

„Секој ваков проект и секоја инвестиција се важни за општините, затоа што значат конкретно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, односно повеќе зелени простори и поквалитетна урбана средина. Министерството за локална самоуправа, преку националното кофинансирање, останува посветен партнер на општините во реализацијата на вакви проекти. И секако ги повикувам  општините да ги искористат сите ресурси и целата поддршка што им ја ставаме на располагање.”, изјави министерот Перински.