
Лишен од слобода возач кој прегази полициски службеник во Скопје и избега од местото на несреќата. Лицето Д.С (67) од Скопје пред четири дена на кружниот тек од ул ,,Борис Сарафов”, ул.Лука Геров”, ,,Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства
Во несреќата полицаецот Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
