
Нов протестен „Марш за ангелите“ се одржа денеска во Кочани, на кој родителите повторно го актуелизираа своето долгогодишно барање и упатија јавно прашање до надлежното обвинителство – до каде е обвинителниот акт во истрагата за евентуална одговорност на полицајци.
– Денеска се обраќаме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Согласно начелата на владеење на правото, законитоста и еднаквоста на сите граѓани пред законот, покажавме трпение и одговорност и во период од три плус три месеци не побаравме информации за текот и статусот на обвинителниот акт. Тоа го сторивме со цел да ѝ овозможиме на надлежната институција непречено, професионално и независно постапување. Меѓутоа, рокот што беше јавно и институционално најавен, со краен датум 12 декември 2025 година, е пробиен – изјави демонстрантка.

