Skip to main content
Хроника

Пијан радовишанец предизвика сообраќајка

13/12/2025  16:57

МВР информира дека рано утринава, во 02:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица на ул. „8 Септември“ во Радовиш го лишија од слобода В.К.(60) од Радовиш.

При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, било констатирано дека В.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.63 промили алкохол во крвта.