
Националниот фонд за зачувување на историјата на САД поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп поради неговиот проект за изградба на балска сала во Белата куќа, оценувајќи го како предвремен и непроверен. Фондот бара од федералниот суд да го стопира проектот сè додека не се изврши целосен преглед на дизајнот и не се добие одобрение од Конгресот.
Според тужбата, со забрзувањето на процесот Трамп ги прекршил Законот за административна постапка и Законот за национална заштита на животната средина, како и своите уставни надлежности бидејќи не побарал конгресно одобрение. Трамп веќе го сруши Источното крило на Белата куќа и ги отпушти оригиналните архитекти на балската сала, која, според плановите, би била речиси двојно поголема од претходната структура. Тој тврди дека Белата куќа „доцнела“ со изградбата на ваква сала.

