Skip to main content
Балкан

Падот на бугарската Влада нема да го одложи членството на Бугарија во Еврозоната

12/12/2025  16:39

Актуелните политички случувања во Бугарија нема да го одложат пристапувањето на земјата во Еврозоната од 1 јануари, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економија, продуктивност и буџет Балаж Ујвари.

– Ситуацијата е многу јасна. Постојат голем број критериуми за пристапување што треба да се исполнат и Бугарија ги исполни. Значи, сите главни критериуми се исполнети, сите релевантни одлуки се донесени и врз основа на тоа планот е од 1 јануари следната година Бугарија да почне да го користи еврото, истакна Ујвари.

Неговиот одговор се однесуваше на прашање дали вчерашната оставка на бугарската Влада би можела да ги наруши плановите за прием на Бугарија во Еврозоната од почетокот на следната година, како и дали на врз нив може да влијаат барањата на партијата Преродба за одлагање на влезот на земјата во зоната на еврото и инсистирањата на бугарскиот претседател Румен Радев за одржување референдум за ова прашање.

– Соодветните одлуки за тоа се донесени и тие остануваат важечки, додаде Ујвари.