Skip to main content
Свет

Од утре стапува на сила забраната за пристап до социјални медиуми на лица под 16 години во Австралија

09/12/2025  20:57

Од утре лицата под 16 години нема да имаат пристап до социјални медиуми во Австралија. Доколку мрежите не се придржуваат до мерките, ќе се соочат со санкции.

Десет од најголемите платформи добија наредба да ги блокираат децата од полноќ вечерва или да се соочат со казни до 49,5 милиони австралиски долари .Новиот закон предизвика критики од големите технолошки компании и застапниците за слобода на говорот, но беше подржан од родителите и застапниците на децата.

Забраната внимателно ја следат и други земји кои разгледуваат слични мерки засновани на возраст, поради загриженоста за влијанието на социјалните медиуми врз здравјето и безбедноста на децата.