Skip to main content
Македонија

Камион изгоре во Косевица

09/12/2025  20:01

Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денеска интервенираше на запален товарен камион во селото Косевица.

На местото на настанот реагираа две противпожарни возила со тројца пожарникари. Според извештајот од единицата, пожарот навреме бил локализиран и изгаснат, со што било спречено негово понатамошно проширување.

Нема повредени лица, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.