Skip to main content
Македонија

Манасиевски: Наместо лаги за Томовски, добро е СДС да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица

08/12/2025  12:59

Реакција на соопштение од СДСМ:

Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење на димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност.

Сега со ред:

Прва лага: СДС тврдеше дека фирма на Томовски добила милионски тендери. Вистината е дека Томовски нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди.

Втора лага: СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години.

Трета лага: СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон.

Во овие три наврати се потврдува дека СДС лаже.

Е сега кога сме кај криминалот, го прашуваме Венко дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат!