Skip to main content
Балкан

Во Белград протест пред Уставниот суд

07/12/2025  14:26

Група судии и обвинители од цела Србија протестираатпред Уставниот суд во Белград против политички притисок врз судството.

Протестот се одржува првенствено затоа што на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград не и беше дозволено да спроведе истрага по инцидент во шаторската населба пред Собранието.

Голем број луѓе се собраа пред Уставниот суд, каде што протестот започна со интонирање на националната химна.

Судиите и обвинителите се поддржани од граѓани и студенти, а собраните луѓе носат знамиња на факултети, собири на граѓани и дуваат со свирчиња и вувузели.