Skip to main content
Свет

Земјотрес во Индонезија со јачина од 5,3 степени

07/12/2025  09:05

Индонезија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 66 километри и оддалеченост од 211 километри од местото Туал.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.