Skip to main content
Спорт

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

05/12/2025  18:13

Олимпик Лион повторно е во центар на скандал, откако француските медиуми објавија сомнежи за проневера во периодот кога клубот го водел Џон Текстор. Наводно, биле откриени фиктивни трансфери вредни над 120 милиони евра. Клубот изминатите денови контактирал компании што ги купиле долговите на Ботафого исто така клуб во сопственост на Текстор барајќи исплати за играчи кои никогаш не пристигнале во Франција.

Меѓу нив се споменуваат Луис Енрике, Игор Жесус и Саварињо, за кои документацијата покажува дека требало да бидат дел од внатрешни трансфери во групацијата „Игл“.

Скандалот избувна по протечена преписка која открила сериозни финансиски неправилности. Лион, кој минатата сезона едвај избегна испаѓање, повторно се соочува со нестабилност во момент кога се обидува да ја врати довербата на навивачите. Француските стручњаци оценуваат дека ова може да стане еден од најголемите финансиски скандали во европскиот фудбал, поради големината на сумите и сложената сопственичка структура. Клубот засега молчи.