Skip to main content
Свет

Во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка загинаа 607 луѓе

05/12/2025  17:57

Бројот на жртви од поплавите и лизгање на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 607. Бројот на исчезнати изнесува 214, соопшти денеска Центарот за управување со катастрофи.

Дури 1,8 милиони луѓе се погодени, а повеќе од 5.000 куќи се целосно или делумно оштетени.

Илјадници хектари оризови насади и други култури се уништени од надојдената вода.