Skip to main content
Македонија

Фетаи оствари работна средба со Лоутон во Стејт департментот на САД

05/12/2025  18:06

Арбен Фетаи, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење се сретна со Даниел Џ. Лоутон заменик – помошник државен секретар во бирото за евроспки и евроазиски прашања при Стејт департментот на САД.

Разговараа за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење.

Фетаи ја потенцираше посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведување реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.

Лоутон ја реафирмираше силната поддршка на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој. Тие се согласија да продолжат со редовна комуникација и координација за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.