Skip to main content
Свет

Вадефул: Германија не бара совети од САД за демократијата

05/12/2025  16:44

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека на Германија ѝ не се потребни „совети однадвор“, коментирајќи ја Стратегијата за национална безбедност на САД. Во документот се наведува дека Европа се соочува со закани поради миграцијата, ниската стапка на наталитет и слабеење на демократијата.

– Прашања како слободата на изразување и структурата на нашите слободни општества се регулирани со уставот и не се предмет на дискусија од Вашингтон, истакна Вадефул на прес-конференција во Берлин.

Тој додаде дека САД остануваат најважен сојузник на Германија во НАТО, но Алијансата се фокусира на прашања од одбраната и безбедноста.