Skip to main content
Балкан

Воведувањето визи за Турците во Црна Гора доведе до нивно масовно заминување и затворање компании

05/12/2025  16:34

Од крајот на октомври, откако Црна Гора привремено воведе визи за турските граѓани по инцидент во Подгорица, речиси 9.000 Турци ја напуштиле земјата, а 31 турска компанија се затворила во ноември.

Инцидентот предизвика и протести, при што беа запалени неколку продавници во сопственост на Турци. Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека се очекува турските државјани наскоро повторно да бидат ослободени од визи, а безбедносните служби на двете земји ја интензивирале соработката.

-Верувам дека брзо ќе ги ослободиме визите за турските граѓани, рече Ибрахимовиќ.