Skip to main content
Македонија

Заев со остра порака на Фејсбук кон Груевски

05/12/2025  15:17

Поранешниот премиер Зоран Заев со остра објава на социјалните мрежи му одговори на Никола Груевски, обвинувајќи го дека од бегство се „разубавува“ и се обидува да влијае врз македонската политика, наместо да ја одлежи затворската казна. Тој тврди дека Груевски од Унгарија секојдневно дели задачи во ВМРО-ДПМНЕ и избегнува одговорност поради „комплекси“.

Заев истакнува дека бегството му ја одзело можноста денес да зборува пред македонската јавност „со достоинство“, а наместо тоа пишува „епопеи“ од далечина. Во објавата, Заев вели дека тој достоинствено работи и е надвор од политиката речиси пет години, но владејачката партија постојано го споменува. Груевски, пак, според него, „се капе во украдени пари“.

На крајот му порачува да си најде хоби додека „се разубавува“, иронично прашувајќи дали научил да готви гулаш, со порака дека ќе дојде ден кога ќе мора да се врати во Македонија и да се соочи со правдата.

 https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/1407211060767626?ref=embed_post