Skip to main content
Македонија

Огромна пукнатина на земјата во Липково

05/12/2025  13:28

Во село Липково е регистрирана огромна пукнатина на земјата, објави ТВ21.

Се работи за длабока и широка пукнатина која претставува сериозна опасност за околните објекти и инфраструктура.

Свлечиштето веќе предизвикува штета и е директна закана за населението.

Локалните власти и надлежните институции се повикуваат на брза реакција за да се спречи натамошно лизгање на земјиштето и да се заштитат животите и имотот на граѓаните во Липково.