Skip to main content
Економија

Угостителски услуги во ноември зголемени за 5.0 % во однос на лани

05/12/2025  13:34

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период лани се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври 2025 бележат раст од 0.2 %, а во споредба со ноември минатата година има зголемување за 4.1 %.