Skip to main content
Магазин

Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare

05/12/2025  11:08

Корисниците на интернет ширум светот пријавуваат масовни прекини во работата на платформите кои го користат Cloudflare, меѓу кои се Zoom, Canva, LinkedIn и Down Detector.

Проблемите ги погодија и продажните платформи – Shopify, Etsy, Wayfair, H&M – како и одредени медиуми, меѓу кои Politico, Axios, BBC и други.

Дури и Down Detector, сајтот што ги следи дефектите на интернетот и апликациите, во моментов има потешкотии.

Cloudflare е компанија која помага на речиси секоја петта интернет страница да го обезбеди и управува својот интернет сообраќај. Многу платформи кои сега се паднати ги користат нивните сервери.

Кон крајот на ноември се случи сличен дефект на десетици сајтови кои го користат Cloudflare, поради што коосновачот и директор на компанијата, Метју Принс, се извини „за болката што му ја нанесовме на интернетот“, како што напиша на блог.

Тогаш прекинот на работата беше предизвикан од пад на системот кој ги штити сајтовите од DDoS напади – обид серверот да се преплави со сообраќај и да се онеспособи. Принс нагласи дека тој претходен инцидент не бил последица на кибер напад.

Сè уште не е познато што го предизвика денешниот прекин.