Skip to main content
Македонија

Свлечиште во тетовско Бањиче – Поместувањата на земјените маси ќе се следат со зголемено внимание

03/12/2025  15:56

Eкипа од Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово денеска излезе на терен за да ја утврди фактичката состојба на појавеното лизгање на земјиштето во село Голема Речица, на локалитетот познат како Бањиче.

При извршениот увид се направила детална процена на теренските услови, промените на земјишната структура, како и можните ризици врз околните објекти, инфраструктурата и населението. Притоа биле евидентирани видливи поместувања на земјени маси, кои во наредниот период ќе продолжат да се следат со зголемено внимание.

За констатираната состојба, РЦУК – Тетово навремено ги известило Дирекцијата за заштита и спасување – Тетово, Кабинетот на Општина Тетово и СВР Тетово со цел навремена координација и преземање соодветни мерки.