Skip to main content
Македонија

Внимавајте: Густа магла кон Попова Шапка и на превојот Стража

03/12/2025  09:03

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Намалена видливост поради густа магла е забележана на патниот правец кон Стража, како и на оној од селото Гајре кон Попова Шапка, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Според информациите, видливоста на делницата од Гајре кон Попова Шапка се движи меѓу 20 и 25 метри, додека на планинскиот превој Стража изнесува помеѓу 50 и 70 метри.

Од претпријатието дополнуваат дека на поединечни патни правци кои минуваат низ усеци и клисури е можно појавување на помали одрони, кои редовно се расчистуваат.

ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, строго да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината според условите на коловозот.