
На настанот организиран од здружението на слепи од Штип и Пробиштип во соработка со здружението на пензионери од Пробиштип присуствуваше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Настанот се одржаа по повод утрешниот ден, 3 декември меѓународен ден на лицата со попреченост.
На настанот присуствуваа гости од Петрич, Бугарија. Тоневски истакна дека нивната искрена желба за поврзување и зајакнување на заедништвото е пример за идните генерации.
„Со заеднички сили можеме да создадеме инклузивна, хумана и поддржувачка средина за сите наши сограѓани“, порача Тоневски.
Настанот ја потврди важноста на меѓународната соработка и заедничката поддршка на лицата со попреченост, како клучен аспект на развојот на локалната заедница.
